Седмо продолжение на 85. собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85. седница.

На дневен ред се Предлог – законот за дополнување на Законот за одбрана по скратена постапка, Предлог – законот за медицинските сестри и акушерките во прво читање, предлог-дополнувањата на законите за градење и за градежно земјиште во прво читање, како и неколку барања за давање автентични толкувања.

Пред пратенците се и Предлог – законот за урбано зеленило поднесен од Лилјана Поповска, Солза Грчева, Љубица Буралиева, Роза Топузова Каревска и Павле Трајанов, предлог – законите за изменување на Законот за заштита од пушењето, за дополнување на Законот за административни службеници, за изменување и дополнување на Законот за буџетите, за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, како и Предло-законот за материјално обезбедување невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, поднесени од групои пратеници и сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска