А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сеавус Инкубатор ја носи израелската стартап сцена во Скопје

by А1он24/04/2017 - 16:15251
Share0

Сеавус Инкубатор ве поканува на настанот „Како Изреал стана нација на стартапи“. Настанот ќе се оддржи во среда, 26 април, со почеток од 18 часот, во просторите на Сеавус.

Добивај вести на вибер

Целта на настанот е да ја запознае македонската иноваторска и стартaп публика со израелското економско чудо. За релативно мала земја, со малку природни ресурси, Израел успеа да создаде најмногу компании регистрирани на NASDAQ берзата и да изгради вибрантен стартап и иновациски еко-систем, на кој може да подзавидат и поголеми земји.

На овие прашања ќе се дискутира на отворена дебата со двајца двигатели на промените во израелската стартап и иноваторска сфера, г. Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe, и г. Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс, израелско-американски фонд на ризичен капитал. Настанот е организиран во соработка со Швајцарската програма за претприемништво, која е поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact. Влезот е бесплатен, но потрена е претходна регистрација на Еventbrite.

Повеќе информации на Facebook страната на Сеавус Инкубатор: https://www.facebook.com/seavusincubator/

Сеавус Инкубатор е мултифункционален простор кој е посветен на поддршка на претприемачи, дигитални уметници и онлајн медиуми. Во инкубаторот се менторираат идеи, се обезбедува инфраструктура, ресурси и пристап до финансии за идните успешни стартапи.

Сеавус Инкубатор е најголемиот општествено одговорен проект на Сеавус, интернационална компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Сеавус брои преку 650+ ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.

izraelseavus inkubatorstart ap

Би можело да ве интересира

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 18:43

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:11

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Горан Наумовски27/03/2026 - 13:51

Израелската армија е пред колапс: „Немаме доволно војници“

Горан Наумовски27/03/2026 - 11:43

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

Горан Наумовски27/03/2026 - 06:40

Израел се откажa од елиминирање на иранските функционери: „Нема да остане никој за да се разговара“

Горан Наумовски26/03/2026 - 20:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто