Се зголемува бројот на пациенти со Ковид-19 во велешката болница

Од:

Вкупниот број на хоспитализирани пациенти на Инфективното одделение и одделението за физикална медицина при велешката Општа болница изнесува 64. Одделението за физикална медицина кое е засебен објект од велешката Општа болница е преадаптирано и почна да прима пациенти со Ковид -19 од минатиот викенд и таму веќе се сместени десет пациенти.

Како што информира портпаролката на болницата д-р Весна Неделковска Николова, од вкупно 64 пациенти на двете одделенија, осум се сомнителни и 56 потврдени позитивни.

Таа информира дека расте и бројот на пациенти на кислородна подршка. Така вчера беа 18, а денеска на кислородна поддршка се 20 пациенти, што е најмногу досега.
Инаку на Интернотo одделение во велешката болница сместени се четворица пациенти сомнителни на Ковид, кои чекаат резултати од направен тест

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско