Се запалила „застава“, огнот зафатил уште две возила

Од:

Три возила се опожарени по полноќ во Скопје. Според полицијата, околу 00,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Боро Менков“, на паркинг-простор од засега непознати причини избувнал пожар во „застава“ чиј сопственик не е познат, а подолго време била оставена на паркингот.

Од пожарот, возилото целосно изгорело, а биле опожарени и „форд ескорд“ сопственост на Б.Л. од Скопје кое било зафатено од левата страна и „југо“ сопственост на Л.А. од Скопје кое било опожарено од десната страна. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски