ВИДЕО: Се запали трафостаница во „Хипериум” во Карпош, вработените евакуирани

Од:

Избувна пожар во зградата на Хипериум Бизнис Центарот во скопски Карпош. Се запалила трафостаница на ниво минус два, на место за паркирање. Веднаш се влучил алармиот, а вработените од зградата биле евакуирани. Пожарот го гаснеле пет возила на противпожарната бригада.

„Пожарот е изгаснат, сега на паркингот работат екипи на ЕВН. Пожарот избил најверојатно од преголем напон на трафостаницата. Вработените почнаа да се враќаат во зградата, но во објектот се уште нема струја“, изјави за „А1он“, Владимир Симоновски командант на скопската противпожарна бригада.

Во пожарнот нема повредени лица.

Дел од вработените иако е изгаснат пожарот се уште се пред зградата. Се чувствува непријатен мирис на стопена пластика. Пред зградата има и полиција.

Претставнинкот на Граве не сакаше да даде изјава, а тоа не им е дозволено ниту на вработеноте. За дел од нив заврши работното време, си заминаа.

Од ЕВН за „А1он“ изјавија дека е во тек замена на оштетените делови на трафостаницата. Очекуваат за кусо време во „Хипериумот“ да биде воспоставено нормално снабдување со струја.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице