Се запали оџак, велешките пожарникари спречија да се запали куќата

Од:

Tериторијалната против пожарна единица Велес, примила дојава за многу чад на улица „Никола Оровчанец“ во населба Дворови во центарот на Велес и со брза интервенција го изгаснала оџакот и спречила да се прошири и ја зафати куќата.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Велес, тројца пожарникари со едно против пожарно возило веднаш излегле на лице место. По пристигнување на локацијата од нивна страна било утврдено дека гори оџак од куќа, којшто со нивна брза интервенција бил пригушен и изгаснат.

– Благодарение на брзата интервенција не е дозволено пожарот да направи поголема штета, потенцираа од ТППЕ Велес.

Оттаму апелираат до граѓаните доколку забележат пожар веднаш да се јават на бесплатниот телефонски број 122 или 193.

Воедно апелираат до граѓаните да си ги исчистат оџаците, бидејќи поради нечисти оџаци, истите во зимскиот период често се палат и можат да ја зафатат и опожарат и куќата.

Би можело да ве интересира

МВР: Опожарена е викенд куќата на Пандов во Орешани

Изгоре кровната конструкција на куќа во Штип

Се запали куќа во Лозово, во пожарот настрада 59-годишна жена

Маж од струмичко Владевци запали куќа во Радовиш

Млада кумановка запалила куќа во родниот град

Уште неколку часа пријавување на јавниот повик за субвенции за чистење оџаци

А1он