Се запали локомотива во Гевгелија

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие бил евидентиран еден пожар на отворено вчера во Охрид, и на железничката станица во Гевгелија.

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид од 11.10 часот до 12.10 часот, со двајца пожарникари и со едно ПП возило, гаселе запалено стрниште во село Рамне. Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Гевгелија, со едно ПП возило и со двајца пожарникари од 00.30 часот до 1.07 часот, имале интервенција за гаснење на запалено влечно возило, локомотива од воз, на железничката станица во Гевгелија, при што нема повредени лица.

Пожарот е целосно изгаснат. Штетата дополнително ќе се утврдува, појаснуваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје