Се запали автомобил во движење кај Јурумлери, пожарникарите велат зачестиле опожарувањата на автомобили

Од:

Автомобил во движење се запалил на автопатот Скопје – Велес во близина на Јурумлери. Повредени нема, а огнот го изгаси Противпожарната бригада на Скопје. Командантот Владимир Симоновски вели дека зачестиле опожарувањата на возила.

„Возачот сам повикал пожарна кога во движење забележал дека автомобилот се запалил. Застанал на автопатот во Скопје – Велес во близина на Јурумлери. Интервенирале четворица пожарникари со едно возило. За нас не се изненадување запалени коли. Зачестија во последниов период. Пред две години постојано гасевме контејнери, сега гасиме автомобили“, вели командантот Владимир Симоновски.

Пред два викенди, во периодот од петок до недела, скопската бригада изгасила 16 запалени автомобили. Командантот Симоновски вели дека дел автомобилите кои изгореле не биле во движење, се запалиле на местата каде што биле паркирани.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија