Се зајакнува работата на Комисијата за одлучување во управна постапка

Од:

Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен се предвидува со новиот Предлог закон за општа управна постапка да постапува вторпат по ист предмет доколку тој не биде решен од страна на одредени институции и министерства. Поради зголемениот обем на работа и потребата од кадровско зајакнување утре ќе биде распишан конкурс за вработување на 32 нови државни службеници, најмногу правници.

– Со Законот за општа управна постапка, кој се предлага да биде донесен, ќе се зајакне во голема мерка правната заштита на странките во управните постапки, односно интересите на граѓаните и правните лица. Во таа насока од големо значење за постапката е обврската на второстепениот орган кога ќе постапува по втор пат по ист предмет, тој да мора самиот да го реши, односно да го реши мериторно и да одлучи за постоење или непостоење на правен основ за стекнување или губење на определните права или обврски на странката, изјави на денешната прес-конференција претседателката на Комисијата Ирена Брзанова.

Со тој, посочи таа, се зајакнува примената на принципот на мериторност во управните постапки и се скратува времето на решавање на предметите во управната постапка. – Тоа за граѓаните и компаниите во Република Македонија значи поголема брзина во решавање на нивните жалби, но и поголема ефикасност и економичност во водењето на постапките, вели Брзанова.

Ваквиот начин на решавање на управните работи во втор степен, според неа, гарантира ефикасност во остварувањето на правата на граѓаните и правните лица, но и голема одговорност на Државната комисија за правилно спроведување на материјалните закони.

Претседателката на Државната комисија најави дека ова зајакнување во системот на правна заштита и зголемениот обем на работа, бара дополнително кадровско зајакнување за што утре ќе биде објавен оглас за вработување на 32 нови државни службеници од кои повеќето позиции се за дипломирани правници.

– Станува збор за двајца државни советници, двајца раководители на сектор, 10 помошници раководители на сектор, 12 раководители на одделение и шест советници, изјави Брзанова.

Условите кои треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидати ќе бидат наведени во огласот, што ќе биде објавен утре во дневниот печат и на веб-страната на Агенцијата за администрација.

– Добредојдени се да се пријават сите квалитетни и искусни кадри, вели Брзанова.

До Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен годишно, во просек стигнуваат по 8.000 жалби, најмногу од социјалната сфера односно и за приватизацијата. Голем дел од нив, според претседателката на Комисијата, се уважуваат.

Ова е трета година од основањето на Државната комисија, која е надлежна да решава по изјавени жалби од странките против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата и други државни органи кои имаат јавни овластувања да одлучуваат за правата, односно обврските на граѓаните од многубројни области на секојдневното живеење. Комисијата, исто така, има надлежност да решава во втор степен и за прашања од областа на работните односи и тоа за вработените во Царинската управа, МВР, АРМ, јавните-здравествени установи и други.

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари