Се загуби старец од Битола, полицијата го пронајде на патот за Нижеполе

Од:

76-годишна жена вчера вечер во битолската полиција пријавила дека исчезнал нејзиниот две години повозрасен сопруг кој имал здравствени проблеми.

Полицијата го барала во околината на Битола и два и пол часа по пријавувањето го пронашла на патот Битола-Пелистер односно во правец на селото Нижеполе. Човекот бил пронајден во добра здравствена состојба и безбедно е вратен дома.

– Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23.45 часот, на патот Битола – Пелистер, поконкретно на патот за с.Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во домот информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука