Се врши увид во зградата во која настана пожар во Гостивар, според првичните сознанија починатото дете било врзано со ланец

Од:

Јавното обвинителство на Северна Македонија соопшти дека од страна на Основното јавно обвинителство од Гостивар се врши увид на местото каде утринава избувна пожар во станбена зграда во Гостивар во кој загина едно седумгодишно дете. Се очекува и пристигнување на специјална екипа од Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР со цел да се испитаат причините за пожарот.

– Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност, се наведува во соопштението.​

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатото дете и се разговара со очевидците на настанот. По наредба на јавниот обвинител, се врши прибирање на трагите од лице место, кои треба да помогнат за прецизно утврдување на причините за пожарот.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски