Се воведуваат приемни денови за даночни прашања

Од:

Град Скопје соопшти дека во бараката број 15 (даночни одделенија) почнувајќи од 7 мај (понеделник) се воведуваат два приемни дена (вторник и петок) во текот на работната недела за прием на граѓани и дежурни правници ќе им бидат на располагање во периодот од 9 до 16 часот.

Овој новитет, посочуваат од Град Скопје, се воведува со цел побрзо и поефикасно работење на даночната администрација, особено во делот на решавањето на пријавите и барањата по предмети по основ на данок на имот.

Во насока на подобрување на даночните услуги за граѓаните, Градот Скопје од 1 јануари воведе двосменско работење во барака број 16 со работно време од 07:30 до 19:30 часот за прием и издавање документи поврзани со даноците на имот. Исто така, со цел поедноставување на процедурите во врска со даноците на имот, во Град Скопје веќе подолг временски период дежурен правник и проценител во барака број 16, соба 2 во периодот од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден извршуваат проценки на имот и даваат правни совети на граѓаните во врска со нивните поднесоци во даночното одделение.

Од Град Скопје посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат континуирано да работат на имплементирање на оптимални решенија во насока на целокупно подобрување на даночните услуги за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски