Се уште се преведуваат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците

Од:

Амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците „виси“ се додека не се обезбедат технички услови за тоа. Неофицијално проблем е преводот на амандманите, досега биле преведени помалку од 10.000, поради што ќе бид е потребно време за да се преведат и останатите амандмани кои што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за 35.569 амандмани за Законот за употреба на јазиците кои што опозициската парти ги достави до Собранието.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска влегоа и веднаш ја напуштија седницата, по што повторно се вратија. Дневниот ред на 32. седница се уште не утврден, пратениците само ја усвоија потребата од донесување закон за образование по скратена постапка.

Пред да се отвори Законот за употреба на јазиците планот е да се поминат реформските закони кои се на оваа седница , но и да се изгласаат тројца потпретседатели на Собранието. За таа функција се предложени Фросина Ременски од СДСМ, Горан Мисовски од НСДП и Весел Мемеди од НДП.

Собранието за денеска ја имаше закажано 32. седница на чиј дневен ред беше е Законот за употреба на јазиците, во трето читање, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик, а кој беше вратен од страна на претседателот Ѓорге Иванов без потпишан указ и со бројни укажувања. Седницата за овој Закон претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа во предвидениот рок и го стави на повторно гласање.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ