А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се уште ниска јавната свест во Македонија за селективно фрлање амбалажен отпад

by А1он23/06/2014 - 14:28135
Share0

Во следните три години Македонија треба да вложи најмалку 10 милиони евра за селективно собирање амбалажен отпад, велат експертите. Иако законот што ја регулира оваа област е одамна донесен, се уште има општини, компании и медиуми кои не знаат што се колективни постапувачи и каква е нивната задача.

Добивај вести на вибер

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, годишно во земјава се собираат околу 100.000 тони пластика, лименки, хартија, стакло,…, или 45 до 50 килограми по жител. Од нив се рециклираат 17 до 20 отсто, но до 2020 година овој процент треба три пати да се зголеми, до 60.

– Реално, многу е тешко да се постигне ова ако веднаш не се почне со вложување и создавање навики, менување на менталитетот. За тоа е неопходно најпрво поставување инфраструктура, посебни контејнери за хартија, пластика, стакло,…, каде граѓаните селективно ќе ја фрлаат амбалажата, но и подигање на јавната свест дека тоа треба да го прават. Ова се всушност двете основни цели на секој постапувач со амбалажен отпад, истакна директорот на „Пакомак“ Филип Ивановски.

Во многу случаи, посочи, иако има посебни контејнери, амбалажниот отпад не се фрла во нив, и обратно, нема онаму каде што граѓаните сакаат, имаат желба и свест селективно да го фрлат отпадот.

Според Ивановски, некои општини не си ги знаат обврските, ниту знаат каков партнерски однос да воспостават со колективниот постапувач. Тие во своите буџети мора да предвидат ставки за купување контејнери не само за комунален, туку и за амбалажен отпад.

Тој уште еднаш појасни дека колективните постапувачи се непрофитни организации формирани од компании кои создаваат амбалажен отпад и нивна задача е да организираат систем, како амбалажата од производите што ги консумираме дома, во ресторани, кафеани,…, да заврши на рециклирање, а не на депонија.

Во ЕУ просекот на амбалажен отпад достигнува и до 150 килограми по жител, речиси трипати повеќе од кај нас, особено во скандинавските земји, Франција, Белгија, пред се зашто станува збор за поголеми потрошувачки општества, а и структурата на пијалаци што ја консумираат е поинаква.

– Во Македонија, за 3,5 години најмногу 50 отсто од амбалажниот отпад пуштен на пазарот е финансиран од неговите производители за да се собира. Оттука, голем е просторот за вклучување нови фирми – колективни постапувачи. Во ЕУ, се собираат пет до 10 евра по жител за финансирање ситем за амбалажен отпад. За жал, кај нас се собира помалку од половина евро, а би требало најмалку 10 до 15 милиони евра годишно од фирмите, индустријата, и тие средства потоа да се вложуваат во општините за контејнери, камиони, секундарна селекција, нагласи директорот на „Пакомак“.

„Пакомак“ најмногу соработува со Град Скопје, Тетово, Битола, Штип, Неготино, Кавадарци, Дојран, Струмица и Кичево. Таму веќе се вложува во контејнери и се реализираат кампањи за подигнување на јавната свест. Лани „Пакомак“ рециклира над 9.300 тони амбалажен отпад, главно хартија, пластика и дел стакло. Во Скопје се обезбедени 200 жолти контејнери, а до крајот на годината ќе бидат донесени уште 100. Целта е на секое место каде што има контејнери за комунален отад, да има барем еден за амбалажа.

makedonija

Би можело да ве интересира

Разговарано е со САД за царински олеснувања, може ќе сме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови, вели Мицкоски

Горан Наумовски07/07/2025 - 13:45

ДУИ: Вистината е дека Македонија сè повеќе тоне во изолација

Горан Наумовски07/07/2025 - 09:30

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 16:5005/07/2025 - 17:15

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 16:4305/07/2025 - 17:16

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 15:57

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 15:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен