Се уште гори кај Требовље, пожарот во Орман локализиран

Од:

Пожарот во атарот на село Требовље, општина Македонски Брод, се уште е активен, но засега е избегнато негово ширење кон селата Растеш и Требовље.

ЦУК соопшти дека на терен дејствуваат два авиона на ДЗС, а се очекува активирање и на два хелихоптера на АРМ. Пожарот го гасат и екипи на територијалните противпожарни единици од Македонски Брод, Скопје, Куманово и на ЈП Македонски шуми, како и припадници на ДЗС, на АРМ, доброволци и локалното население.

Активен пожар има и на падините на Горна Јакупица кај Велес. Зафатена е мешана шума (бор и бука). Во гасењето се ангажирани вработени во Шумското стопанство Бабуна, Велес.

На територијата на Град Скопје денеска нема регистрирано активни шумски пожари. Пожарот што избувна вчера во селото Орман во општина Ѓорче Петров е локализиран синоќа околу 23.00 часот. Во неговото гаснење учествувале припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, лица од месното население, како и вработени во комуналните служби при општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија