А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се уште беснеат пожари

by А1он20/08/2012 - 16:0620/08/2012 - 16:09270
Share0

Во Република Македонија има шест активни пожари. Огнената стихија беснее во општините Чашка, Липково, во шумскиот резерват „Јасен“, во село Црешнево, кај Македонски Брод и во Теарце.

Добивај вести на вибер

Според Дирекцијата за заштита и спасување во пожарот во општина Чашка, кај селата Лисичи, Бањица, Дреново, Ралевци и Бреза, гори нискостеблеста и деградирана шума и стара сеча. Од вчера над село Бреза се случиле осум експлозии. Во гаснењето на пожарот се вклучени 15 вработени од Шумското стопанство на ЈП „Македонски Шуми“.

Во општина Липково активен е пожарот кај село Стрима. Зафатена е нискостеблеста и деградирана шума, а пожарот го гаснат екипи на Шумското стопанство со 13 вработени и две возила.

Пожарот во Македонски Брод, во шумскиот резерват „Јасен“, село Тажево кон село Белица, се уште не е изгаснат и гори борова шума, а во гасењето вклучени се од ТППЕ бригадата и од Шумското стопанство со 10 вработени.

Во општина Македонски Брод активен е и пожарот во село Црешнево. Гори нискостеблеста шума и чукара. Пожарот го гаснат од Шумското стопанство со четворица вработени.

Активен е пожарот и во село Одри, општина Теарце, каде гори букова и костенаста шума. Пожарот го следат екипи на Шумското стопанство.

pozar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:04

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски13/02/2026 - 09:2513/02/2026 - 09:56

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Горан Наумовски12/02/2026 - 11:41

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Горан Наумовски04/02/2026 - 22:23

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:22

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он24/01/2026 - 08:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен