Се урна потпорен ѕид на тетовската црква Свети Никола

Од:

Свлечиште на земја беше причина да се урне потпорен ѕид од камења од дворот на црквата Свети Никола во тетовската населба Колтук.

Лизгањето на земјата освен ѕидот оштети дел од патот што води кон ридот Балтепе и населените места Селце и Лавце. Црковниот одбор денеска ангажираше механизација да се расчистат земјата и камењата што се урнаа и паднаа на спортското игралиште. По расчистувањето ќе започнат активности за санација на ѕидот, а овој пат од одборот е со намера да изгради бетонски ѕид, објави тетовската телевизија Кис.

Би можело да ве интересира

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски