Се урива дел од старата железничка каде се поставени оригинални римски стели

Од:

Со тешка градежна механизација се урива дел од старата железничка станица во Скопје, поради планот со кој е предвидено да се гради подземна сообраќајница.

Подземната сообраќајница, како што беше најавено ќе ја гради турската компанија „Лимак”, на свој трошок, откако купија две парцели на овој простор. Сообраќајницата која се планира да се изгради, ќе биде изградена шест метри под земја.

Магистерот по археологија и менаџер по културно наследство, Василка Димитровска вели дека јавноста реагира на гредежните активности кои денеска се засилија кај Музејот на град Скопје.

„Во неговата околина се поставени оригиналните римски стели од една од некрополите на археолошкиот локалитет Скупи. Доколку не се отиде на лице место, не може да се направи проценка дали се оштетени овие вредни артефакти. Но може да се констатира дека се работи за небрежност при работа, кадешто можат да се изгубат културните и археолошките ресурси на Република Македонија“, вели Димитровска.

„Сметам дека пред да се направи проект за реанимација на околината во чиј амбиент се наоѓа оригинално културно наследство, мора да се направи дополнителен проект за да се дислоцираат оригиналните артефакти доколку ги има. Никаде во светот не се превземаат градежни активности во близина на оригинално културно наследство, бидејќи е недозволиво со закон околу вакви споменици да се интервенира, ако тие претходно не се заштитени или дислоцирани“, додава Димитровска.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он