Се уредува јавна површина во село Пепелиште

Од:

Со изведување градежни работи, започна уредувањето на јавна површина во централното подрачје на неготинското село Пепелиште, непосредно до споменикот на паднатите борци во НОБ.

– Се работи за изведба на влезна патека до одморалиштето и пристапна патека до песочник, каде ќе биде поставена урбана опрема за потребите на населението, информираше Тони Делков, градоначалник на Неготино.

Градежните работи опфаќаат одбележување на локацијата за градење со соодветна сигнализација, машински ископ на земја, подготовка и набивање на тлото, по што следува набавка, насипување и планирање на тампон по целата градежна површина на просторот, кој е предмет на уредување.

Делков соопшти дека во натамошниот дел од работите ќе се пристапи кон монтажа на бекатон плочки на целиот простор под патеките и одморалиштето околу споменикот, како и монтажа на парковски рабници по целата површина на градење.

– По завршувањето на работите, жителите на Пепелиште на располагање ќе добијат пријатно катче за одмор, релаксација и поминување на дел од слободното време, а проектот се реализира со средства од буџетот на општина Неготино, наведе Делков.

Би можело да ве интересира

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите