Се укинуваат дозволите за полицискиот час за граѓаните што викендов ќе одат на вакцинација во Србија

Од:

Полицијата попладнево им се јавува на сите граѓани кои утринава добиле дозволи за движење за време на полицискиот час, а кои сакале викендов да одат на вакцинација против Ковид-19 во Србија, за да ги извести дека дозволите нема да важат.

Денеска до пладне МВР издавало дозволи за движење, со оглед на тоа што голем број македонски граѓани за утре и задутре наутро имаат закажано вакцинација во Белград, и невозможно е да стигнат точно на време, доколку не ја напуштат земјава за време на полицискиот час, од 22 часот до 5 часот.

Во текот на денот, Владата одлучила дека вакви дозволи не треба да се издаваат, па полицијата попладнево телефонски ги известува граѓаните дека дозволите за движење не им важат.

„Вакцинацијата ми е закажана во 8 часот, невозможно е да стигнам до Белград ако тргнам по 5 часот наутро. Дали Владата сака да ни го ограничи правото на вакцина, при уредно примена покана?“, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

Прашања за тоа зошто е одлучено да им се укинат дозволите за движење на граѓаните кои побарале да одат во Србија за време на полицискиот час испративме до МВР, на кои чекаме одговори.

Сепак, последната владина одлука најверојатно нема да ги премисли граѓаните да заминат во Србија, со оглед на тоа што од српските здравствени власти стигна информација дека терминот за вакцинација може да се помести, дека може да се вакцинираат и лица кои воопшто немале закажано термин, па оттаму не е важно во кој дел од денот ќе пристигнат.

Српските медиуми веќе јавуваат дека пред белградскиот саем е преполно со возила со македонски и босански регистарски таблички. Оние што викендов ќе одат во Србија, ќе се вакцинираат со британската вакцина на Оксфорд, „АстраЗенека“. Ревакцината ќе биде после 3 месеци.

Во земјава се уште не е почната масовна вакцинација на населението, а првите вакцини „АстраЗенека“ се очекува да пристигнат в недела.

Досега во Македонија пристигнаа 8.000 дози од вакцината „Фајзер“ и 3.000 дози од руската вакцина „Спутник“, со кои се вакцинираа здравствените работници.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати