Се трага по момче во и околу реката Вардар кај неготинско Пепелиште

Од:

Се трага по момче во и околу реката Вардар кај неготинско Пепелиште кое почнало да се дави во реката, а негов другар се обидел да му помогне.

Информацијата ја потврди директорката на Здравствениот дом Неготино, Билјана Филипова.

– Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно. Очевидци го спасиле второто момче, кое било видно вознемирено, а по првото трагаат мештани, пристигнале и нуркачи. Екипа на нашата Брза помош веднаш отиде на лице место и ќе остане таму и понатаму, изјави Филипова.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар