Се судрија три возила, повредени се 12 лица

Од:

МВР извести дека вчера во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за скопското село Љуботен се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „форд“ управувано од Х.Е.(61) од Љуботен, возило „ауди“ управувано Е.М.(54) од село Ласкарци, и возило „фолксваген голф“ управувано од Х.И.(19) од Љуботен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М.(55) од Љуботен, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и осум сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он