Се судрија две „мечки“ во Скопје, шестмина завршија во болница

Од:

МВР извести дека е пријавено дека во Скопје на крстосницата од булеварот „Св.Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „мерцедес ц200“ управувано од К.А.(52) од село Никуштак, кумановско и второ возило „мерцедес“ управувано од Г.П.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатник од возилото со кумановски регистарски ознаки, Џ.А.(52) од с.Никуштак, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште тројца сопатници, исто така, од возилото со кумановски регистарски ознаки, констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во приватна медицинска установа.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он