Се судрија автобус и „пасат” – две лица се повредени

Од:

Две лица се повредени при судар на автобус и „пасат“ во Скопје. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 18:50 часот на крстосницата од улицата Кузман Шапкарев со улицата Борис Сарафов.

Во сообраќајната незгода учествувале автобус „јутонг“ со скопски регистерски таблички управуван од Г.Н.(47) од Скопје и возило „фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р.(42) од село Колари, Кичевско.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.Ј.(40) од село Зајас, а со телесни повреди се здобил возачот Р.Р. на кои им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот излегле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски