Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија

Од:

На предлог на Министерството за здравство, Владата на последната седница одржана на 24 февруари донела одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете установи.

Во пишаната изјава на министерот за здравство Азир Алиу се наведува дека со донесената одлука за спојување на двете клиники, се формира единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина, што овозможува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес, од превенција и дијагностика, до интервентен и хируршки третман.

– Преку укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура, создаваме предуслови за заштеда на средства што ќе се реинвестираат во унапредување на квалитетот на услугите, модернизација на медицинската опрема и професионална едукација на кадарот, смета министерот.

Во соопштението се додава дека на овој начин ќе се овозможи подобра искористеност на капацитетите, односно зголемен број интервенции со интеграција на лабораториските, стерилизациските и операционите служби. Пациентите ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на единствена установа, без административни пречки и чекање трансфер, што значи поголема достапност и континуитет на здравствените услуги.

– Воедно, спојувањето на клиниките ќе придонесува кон развој во сегментот на едукација и истражување, со креирање обединет академски центар со повеќе можности за обука на специјализанти, супспецијализанти и развој на научни програми, нагласуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Лозанче тврди дека се констатирани неправилно оперирани пациенти, Алиу ќе бара уште една потврда

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

Ќе се проверува како работат приватните и државните болници што се занимаваат со кардиоваскуларна патологија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции

Катерина Ѓуровски

Воведена нова процедура на Кардиологија – пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да бидат упатувани во странство

СДСМ: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?