Се собираат потписи кој ќе гласа за Стевчо Јакимовски?!

Од:

Изборната кампања се вжештува, а се поостри стануваат и меѓусебните обвинувања на политичките противници. На социјалните мрежи се појави упатство за кое што се тврди дека е од изборниот штаб на Стевче Јакимовски, со кое активистите се советуваат да прават распореди за посета на граѓаните во нивните домови.

upatstvo-potpisi

Во упатството пишува дека еден тим треба дневно да посети од 30 до 50 домаќинства, а од граѓаните треба да се добијат податоци кој ќе гласа сигурно за кандидатот Стевчо Јакимовски на 24 март.

„За нив се собираат следниве податоци: број на избирачко место, име и презиме, адреса, телефон, потпис и број на лица што се болни а за кои треба да се обезбеди гласање дома или во болница“, пишува во упатството и се додава начинот на кој тимовите ќе се претставуваат пред граѓаните.

„Добар ден, ние работиме во кампањата на Стевчо Јакимовски. Дали ќе ја дадете вашата поддршка за него на овие избори. Ако одговори со ДА, ќе сакате да го дадете вашиот телефонски број како знак на поддршка“, пишува во упатството.

Би можело да ве интересира

Николоски: Нема да има предвремени парламентарни избори

Горан Наумовски

Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Приштина и Јужна Митровица ќе добијат градоначалници во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ

Трет ден кампања за Локалните избори 2025