Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Од:

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се собираат поддржувачи во пресрет на резултатите од вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори.

Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени речиси половина од гласачките ливчиња, води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова со освоени 235.552 (63,42 проценти), а Стево Пендаровски од СДСМ има 111.703 (30,07 проценти).

Додека, првичните резултати од денешните парламентарни избори што ДИК ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 54,36 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 188.616 (39,14%), Европски фронт на ДУИ 84.156 (17,46%), Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 69.445 (14,41%), а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 63.641 (13,21%).

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ