Се скарале со менаџерите па сакале да фрлат рачна бомба во ноќен клуб, приведени двајца скопјани

Од:

Двајца скопјани се приведени откако по расправија со менаџерите во угостителски објект се обиделе да фрлат рачана бомба во локалот информира Министерството за внатрешни работи.

-Нa 16.12.2022 околу 01.25 во угостителски објект на бул.„К.Ј.Питу“ полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(40) и А.П.(45), двајцата од Скопје. Непосредно пред тоа, по претходно недоразбирање со менаџерите на објектот, сакале да фрлат рачна бомба кон нив во објектот. Лицата се приведени во полициска станица, а неексплодираната бомба е обезбедена и подигната од Единицата за антитероризам се наведува во соопштението од МВР.

Во инцидентот нема повредени лица или било какви оштетувања.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар