Се санираат ударните дупки на улиците во Скопје

Од:

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ ги санира ударните дупки на градските улици и булевари. Минатиот месец за оваа намена се употребени 125 тони асфалт.

Град Скопје денеска информира дека се санирани дупки на булеварите „Борис Трајковски“, „Мајка Тереза“, „Февруарски поход“, „Србија“, „Јужен булевар“, „Александар Македонски“, „Кочо Рацин“, „Христијан Тодоровски Карпош“ и на булеварот „Јане Сандански“. Санирани се и дупките на улиците „Перо Наков, 16,“ „Македонска бригада“, „11 Октомври“, „Маџари“, „Шуто Оризари“, „Ацо Шопов“, „Трета македонска бригада“, „Козле“, „Алија Авдовиќ“, „Павел Шатев“, „Скупи“ и на патот кон средно Водно.

Деновиве е планирано со ладен асфалт да се санираат ударните дупки на улицата „Даме Груев“ и на булеварот „Партизански одреди“, како и на сите градски сообраќајници каде што ќе има потреба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето