Се санираат последиците од пожарот во станбената зграда во Охрид

Од:

Општина Охрид ќе ги санира штетите во опожарената зграда на Булеварот Туриситчка во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески уште синоќа ги посети станарите од опожарената зграда бр. 4 на булеварот „Туристичка“, која од неделата е без електрична енерегија.

pozar 1Во оваа зграда живеат вкупно 46 семејства кои неколку дена се без основни услови за егзистенција, низ зградата се шири непријатна миризба од која не може да се спие.

Белинда Андоновска во моментот на несреќата не била во својот стан, но доживеала поголем пекол, затоа што децата биле сами.

Таа за ТВ М  раскажува дека едното детенце го извадиле комшиите, а другото кое спиело пожарникарите го спасиле преку прозорот во зашеметена состојба, по што завршило во болница, за среќа без посериозни последици.

„Сите заедно ќе направиме план на активности кои мора брзо да се преземат за на станарите да им се санираат штетите, пред се да се воспостави електрична инсталација и довод на електрична енергија.

– Веќе четири дена станарите се без струја и тоа ќе мора најуредно да го решиме со оспособување на инсталацијата која е видно оштетена. Иако не сум експерт по електрика, гледам дека оштетувањата не се едноставни, а тука ќе треба да се преземат поопсежни активности“ Бакрачески.

„Локалната самоуправа ќе ги земе во предвид сите околности околу настанатиот пожар,за материјално и финансиски го потпомогнеме санирањето на штетите“, додаде Бакрачески.

Инаку, пожарот во оваа зграда изби во неделета навечер од броилата за електрична енергија, по што одекнале силни експлозии. Густ чад веднаш го исполнил влезот и почнал да навлегува во становите кои жителите ги напуштале во паника со крпи на устите.

Пожарот бил изгаснат со брза интервенција противпожарната единица од Охрид, која пристигнала со повеќе возила.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски