Се санира свлечиштето од Истибања кон Македонска Каменица

Од:

Големо свлечиште се појави на патот од виничкото село Истибања до Македонска Каменица. Заменик директорот на ЈП „Македонија пат“, Кире Коцев вели дека патот е затворен, а екипите на Македонија пат веќе работат на санирање на свлечиштето.

– Има голема количина на материјал, по наша слободна проценка некаде околу 1 000 метри кубни. Македонија пат со своите екипи е на лице место, мобилна е имаме дежурства 24 часа. Патот е затворен и веќе се работи и чисти од двете страни. Се надеваме дека денеска најдоцна до утре ќе го пуштиме патот за сообраќај, вели Коцев.

Тој додава дека патниците и возачите кои патуваат за Делчево и Македонска Каменица ги пренасочуваат преку патот од Виница за Берово. Забележува дека на оваа делница има опасност од одрони, поради обилните врнежи од дожд.

– Временските услови си го направија своето, има презаситеност на земјата со влага и доведе до овие причини. На оваа делница веќе еден месец ние постојано интервенираме, вели Коцев.

Пред два дена исто така имаше голем одрон на овој пат, кој беше саниран од страна на екипите на ЈП „Македонија пат“. Коцев апелира возачите внимателно да возат и на патот од Виница кон Берово и од Берово кон Струмица, бидејќи има појава на помали одрони од камења и земја.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска