Се санира платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“

Од:

Започна санација на дел од платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово, соопштија денеска одговорните од установата. Санацијата опфаќа замена на дотраените мермерни плочи, на чие место ќе бидат поставени нови мермерни плочи.

– Санацијата мораше да се реализира, бидејќи забележавме дека дел од плочите се рунирани, еден дел недостаува, така што сметаме дека на овој начин ќе се подобри приодот до влезот на Центарот за култура, изјави директорот на Центарот за култура Сашо Тодоровски.

Во текот на утрешниот ден ќе биде поставена и пристапна рампа за лица со посебни потреби, со што ќе се овоможи полесен пристап за сите категории граѓани. Во текот на наредниот период, информираше Тодоровски, ќе се преземат градежни интервенции во внатрешноста на просторот. Планирано е да се уреди атриумот кој е простор кој ќе послужи за промоции на книги, поетски читања и други културни манифестации. Во летниот период ќе следи и набавка на нов инвентар.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци