Се реновираат училиштата „Исмаил Ќемали“ и „Ѓон Бузуку“ во Гостивар

Од:

Потврда дека со мали инвестиции и посветено работење, но и со помош од донатори може да се направи многу важна работа, се двете општински основни училишта “Исмаил Ќемали“ – Гостивар и “Ѓон Бузуку”- Србиново.

Во ОУ “Исмаил Ќемали” со само-финансирање од давање на термини во спортската сала, заменет е стариот со нов инвентар салата и кујната на наставниците, како и се уреди чекалната за родители чии деца посетуваат настава во ова училиште.

Покрај тоа, еден донатор кој избегнува публицитет, ги реновира училниците од ова училиште. Веќе завршила замената на клупи, столчиња и завеси, а бојадисани се и ѕидовите од училницата, додека во иднина ќе се работи на реновирање и на другите училници.

Во ОУ “Ѓон Бузуку” од село Србиново, со симболични средства, самите ученици и наставници ги разубавија ходниците, давајќи им атрактивен изглед на училишните простории, налик на развиените училишта во урбаните средини.

Општина Гостивар, ги поздравува ваквите иницијативи и ги поттикнува и другите училишта да преземат слични активности, со што е дини учениците ќе го сакаат повеќе училиштето во кое што учат, ќе го чувствуваа како свое, и како резултат на тоа уште повеќе ќе му се посветат на наставата.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски