Се реновира градинката во Кичево

Од:

Детската градинка „Олга Мицеска” во Кичево се реновира, со цел да се овозможат подобри услови за престој на децата.

– Почнавме со внатрешниот дел на објектот и тој скоро во целост е реновиран. Набзо ќе започнеме и со надворешното реновирање на објектот, како и хортикултурно средување на дворот на градинката. Планираме со помош на општината наскоро да градиме и паркиралиште за потребите на родителите кои сега се принудени од подалеку да ги носат децата преку улица немајќи соодветно место за паркирање, рече Садик Ахмети, директор на градинката.

Градинката „Олга Мицеска” е единствена градинка која функсионира во Кичево и таа ни од далеку не ги исполнува потребите на кичевчани кои се принудени да чекат ред за да ги згрижат децата во ова установа.

Наскоро во Кичево се очекува да биде пуштена во употреба и ново изградената градинка во населба „Пашино” која се планира од септември кога ќе почнаат новите уписи на децата да започне со работа.

Би можело да ве интересира

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски

Мртов старец пронајден во изгорена куќа во Кичево