Се реконструира водоводната линија во Демир Капија

Од:

Градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев денеска информира дека е почната реконструкцијата на водоводната линија во должина од 8.558 метри.

– Со реконструкцијата на водоводната мрежа се заменуваат азбестните цевки со нови полиетиленски. Истовремено се зголемува профилот на водоводните цевки во мрежата. Главна цел на овој проект е во секое време во секој дел на градот да има доволно вода за пиење со соодветен притисок и доволно вода за хидрантите во случај на пожар, објасни Димитриев.

Проектот е финансиран од Европската инвестициска банка во висина од 336.894 евра обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и со дополнителни финансиски средства обезбедени од буџетот на општина Демир Капија во висина од милион и 500 илјади денари.

Се очекува со овој проект Демир Капија да обезбеди доволно вода за пиење во наредните 50 години.

Би можело да ве интересира

Притвор за двајцата осомничени за грабнувањето кај Демир Капија

Горан Наумовски

Филипче: Со Лазар Петров Демир Капија станува модерен винско-туристички центар во југоисточна Македонија

Полицијата уапси 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко

Срби на пат кон Грција, ќе загинеле во сообраќајка кај Демир Капија

Горан Наумовски

Нормализиран e сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија