Се реконструира водоводната линија во Демир Капија

Од:

Градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев денеска информира дека е почната реконструкцијата на водоводната линија во должина од 8.558 метри.

– Со реконструкцијата на водоводната мрежа се заменуваат азбестните цевки со нови полиетиленски. Истовремено се зголемува профилот на водоводните цевки во мрежата. Главна цел на овој проект е во секое време во секој дел на градот да има доволно вода за пиење со соодветен притисок и доволно вода за хидрантите во случај на пожар, објасни Димитриев.

Проектот е финансиран од Европската инвестициска банка во висина од 336.894 евра обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и со дополнителни финансиски средства обезбедени од буџетот на општина Демир Капија во висина од милион и 500 илјади денари.

Се очекува со овој проект Демир Капија да обезбеди доволно вода за пиење во наредните 50 години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко, телото на обдукција

Притворен маж од Демир Капија, сопругата го пријавила за физички напад

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Маж загина на кров од вагон кај Демир Капија

Од утре изменет сообраќаен режим на делницата Демир Капија – Неготино поради градежни активности