Се реконструира патот од Кавадарци кон Дреново

Од:

Локалниот пат од Кавадарци кон кавадаречкото село Дреново се реконструира. Денеска увид во работите изврши градоначалникот Александар Панов, кој истакна дека реконструкцијата се работи преку проект за рурален развој, финансиран од Светска банка.

– Станува збор за ревитализација на потег од овој пат во должина од 1.100 метри. Патот е проширен на 5,5 метри. Проектирани се две коловозни ленти, секоја со широчина од два метра, како и банкини од двете страни на патот, со широчина од 75 сантиметри. Од двете страни на патот се обезбедени и испусти и одводи, соопшти градоначалникот.

Панов појасни дека се поставува асфалтна подлога со дебелина од седум сантиметри, на вкупна површина од 4.150 квадратни метри.

Финансиската конструкција изнесува 3.532.370 денари, кои се грант од Светска банка.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска