Се реконструира асфалтот на регионалниот пат Виница – Бигла

Од:

За делницата од Виница до Бигла на регионалниот пат кон Делчево се обезбедени средства за реконструкција и доасфалтирање на дополнителни два километри, од планираните 4,6 километри.

Со тоа нов асфалтен слој ќе добие коловозот што поминува низ селото Трсино, што беше една од критичните точки на оваа сообраќајница.

Градежните работи за овој патен правец се влезени во програмата на ЈП за државни патишта, за што првично беа издвоени 52 милиони денари, а деновиве се одобрени дополнителни 10 милиони денари.

-Со зголемувањето на должината на патот, од виничка страна ќе биде асфалтирана вкупна должина од 6,5 километри, односно од пропустот кај селото Трстија, па се до Бигла. Освен тоа, коловозот се проширува од досегашните три на пет метри, со што ќе се намали непрегледноста и ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Реконструкцијата на регионалниот пат од селото Бигла до Виница започна на почетокот на летото, а од правецот на Делчево веќе се асфалтирани 2,4 километри.

Изведувач на градежните работите е ЈП „Македонија пат и се очекува тие да завршат до крајот на септември.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска