Се реалзира втората фаза од патот Волково-Орман

Од:

Општина Ѓорче Петров почна со изградбата на втората фаза на патот од Волково до село Орман. Ќе се изведуваат градежни работи на потегот од училиштето „Јоаким Крчовски“ кон село Орман.

Коловозот ќе биде широк седум метри, а ќе има и банкини од двете страни со широчина од едно метро. Истовремено ќе се работи и на поврзување на ООУ „Јоаким Крчовски“ на канализациската мрежа.

Од општина Ѓорче Петров велат дека доцнењето со изведбата на оваа делница е заради решавање на имотноправните работи со сопствениците на мал дел на земјиштето каде што треба да помине патот. Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Агенцијата за рурален развој и општинскиот буџет.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна