Се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминал за отпечаток од прст за пописот

Од:

Се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминал за отпечаток од прст за пописот, соопшти денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа.

Хоџа на прес-конференција во Владата истакна дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите и повеќе не смее да се одложува. Пописот е статистичка операција и во него нема политика, рече тој.

-Ова се разгледува од надлежните институции, но сакаме да потсетиме дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите. Државата треба да ги знае клучните статистички податоци и тоа е операција која повеќе не смееме да ја одложуваме зашто нејзиното организирање е за општо добро.

Треба сите да бидеме свесни, нагласи тој, колку се неопходни податоците кои треба да ги даде пописот за планирањето на развојот на државата.

-Државниот завод за статистика непречено ги извршува сите подготовки за одржување на пописот во април 2021 година. Во пописот нема политика, ова е статистичка операција под мониторинг на Евростат, заклучи Хоџа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски