Се разболе судијката од „Рекет“, рочиштето се одложи

Од:

Судењето за „Рекет“ кое е закажано за денес ќе се одложи, бидејќи судијката Васка Николовска – Масевска се разболела. На рочиштето, требаше да се изведат материјални докази кои Обвинителството ги има против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Претходно, рочиштата за „Рекет“ се одложуваа поради болест на адвокатот Дељо Кадиев кој ја застапува Катица Јанева.

На вчерашното рочиште со повишен тон и мавтајќи со медицинска документација, Јовановски рече дека има рак на желудник на 33 години и ѝ се обрати на обвинителката Вилма Русковска со зборовите „вршите тортура врз мене, корумпирана обвинителке!“.

Следното рочиште е закажано за во понеделник.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог