Се расчитува просторот долж улицата „Васил Чакаларов“

Од:

Градот Скопје и Општина Карпош започнаа акција за расчистување на голема неуредена површина долж улицата „Васил Чакаларов“, која подолг период е запуштена и обрасната со вегетација, а на неа е создадена и голема депонија од градежен шут.

Како што соопштија од Град Скопје, увид во уредувањето и чистењето на просторот кој се протега од крстосницата на крајот на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до објектите „Порта Козле“ кон фабриката Реплек, денеска извршија градоначалниците на Град Скопје, Коце Трајановски и на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, како и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.

На терен екипи на ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на работат на чистење на ѓубрето, односно уредување на вегетацијата, додека екипи на ЈП „Улици и патишта“ со механизација го расчистуваат теренот и транспортираат градежниот шут.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош