Се расчистува патеката на кејот на Вардар кај новиот пешачки мост во Центар

Од:

Екипите на Град Скопје почнаа да го расчистуваат кејот на реката Вардар, околу новиот пешачки мост, кај зградата на Македонскиот народен театар, информираат од Град Скопје.

Од Град Скопје потсетуваат дека овој дел од кејот, скоро осум години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти, поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на „Панорамското тркало“.

– Изградбата на мостот е готова, „Панорамско тркало“ нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат, стои во соопштението од Град Скопје.

Оттаму информиарат дека на тој потег досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал, а чистењето ќе продолжи и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања