Одронот од околу 70 метри кубни што настана поради обилни врнежи од дожд во текот на изминатата ноќ на патот Кичево – Охрид, меѓу селата Извор и Подвис, во месноста Овчанско Речиште, и покрај направеното проширување се уште го отежнува сообраќајот, информира ЈП „Македонија пат“.
Со одронот беа зафатени двете сообраќајни ленти, а екипите на „Македонија пат“ се на терен и го расчистуваат патот за целосна нормализација на сообраќајот.
Сообраќајот на сите останати магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег има на Попова Шапка.
По клисурите и усеците е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.