Се расчистува одрон на патот кон Средно Водно

Од:

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта” работат на расчистување на одронот на патот за Средно Водно, во близина на паркингот на Средно Водно што настана по вчерашните обилни врнежи од дожд, информират од Град Скопје.

Оттаму нагласуваат дека екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје се на терен и ја проверуваат можноста за појава на нови одрони на патот кон Средно Водно, како и на патот од Средно Водно до црквата Свети Пантелејмон.

Градските власти апелираат до сите лица кои се движат по овие патишта да бидат внимателни и да се придржуваат на условите на патот и посочуваат дека Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја прати состојбата на терен и доколку има потреба дополнително ќе интервенира.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e лицето кое беше пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Горан Наумовски

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно