Се продава државно земјиште во општина Аеродром

Од:

Министерството за транспорт и врски објави јавна објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Аеродром.

Предмет на објавата е отуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план локалитет Реонски Центар-УЕ А, на општина Аеродром, Градежна парцела 1.3, со намена за изградба на комерцијални и деловни објекти- Б1, Б2,Б3, Б4, Б5, со вкупна површина од 4259 метри квадратни и почетна цена од 5.000 денари по метар квадратен.

Најповолниот понудувач е должен пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште предмет на оваа објава, во рок од 15 дена од завршување на јавното надавање, да склучи договор со општина Аеродром со кој ќе ги уреди правата и обрските за изградба и реализација на деталниот урбанистички план за ГП 1.2 Детален урбанистички план локалитет Реонски Центар-УЕ А, на општина Аеродром, т.е. договор за изградба на објект со намена В4 -јавни институции односно административна зграда за потребите на општина Аеродром.

Согласно Одлука на Совет на општина Аеродром, најповолниот понудувач е ослободен од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со комерцијални и деловни намени, за ГП број 1.3, предвидена со Детален урбанистички план локалитет Реонски Центар-УЕ А, на општина Аеродром, кој изнесува 40% од вкупната висина на надоместокот за уредување на градежно земјиште и согласно Одлука на Совет на Град Скопје, најповолниот понудувач е ослободен од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште во висина од 40% од делот што му припаѓа на Градот Скопје по основ на уредување на градежното земјиште.

Согласно горенаведеното, уредувањето на градежното земјиште ќе биде на товар на најповолниот понудувач.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 01.11.2012 година на адреса на Министерството за транспорт и врски или директно во писарницата на министерството, а јавното наддавање ќе започне на 08.11.2012 година во 10 часот и истото ќе трае 1 (еден) час.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски