Се пробива патот Зрновци – Теранци во општина Чешиново Облешево

Од:

Механизација на „Гранит“ започна да го пробива и тампонира патниот правец од село Видовиште во општина Зрновци до село Теранци во општина Чешиново-Облешево. Со тоа треба да се подобри сообраќајното поврзување со населеното место Облешево за жителите од Теранци, како и од селата Видовиште, Мородвис и Зрновци кои трет ден се отсечени од патот кон Кочани поради попуштање на мостот на река Брегалница кај Зрновци.

– Патот започна да се гради и тоа е убава можност да се обезбеди пократка делница за минување до Облешево и Кочани. Трет ден поминуваме по четириесетина километри по заобиколен пат до Виница и обратно, изјави Блаже Станков, градоначлник на општина Чешиново-Облешево.

Патот е во должина од 500 метри и за кратко време ќе биде оспособен за сообраќај. Се трга земјениот слој и се поставува тампон за нормално одвивање на сообраќајот по оваа делница.

Се очекува повлекување на водите на Брегалница кај село Теранци со што овој патен правец целосно ќе биде во употреба.

Инаку, за жителите на Зрновци се уште е во сила забраната за минување по мостот на река Брегалница. За негово санирање, според Станков, е информирано Јавното претпријатие за државни патишта и се чека повлекување на водите на реката за да се санира мостот повторно да се стави во употреба.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар