Се превртел камион што превезувал овци, возачот повреден

Од:

Денеска во попладневните часови на магистралниот патен правец Кичево-Гостивар во непосредна близина на мавровската крстосница се случи собраќајна несреќа во кој со полесни повреди се здобиле две лица.

Имено, како што инфрмираа од СВР Гостивар, во несреќата со повреди се здобил 38 годишниот возач на камион-влекач со битолски регистерски таблички, кој бил од село Новаци, битолско, како и негвит сопатник од Битола.

Камионот кој превезувал овци, излетал од коловозот а приколката во која биле сместени овците се превртела. Двете повредени лица се веднаш згрижени во гостиварската болница, додаваат од СВР Гостивар.

Во несреќата настрадале 68 овци, а 29 се повредени, информираа од полицијата и посочија дека веднаш по несреќата била повикана и ветеринарна служба за згрижување на повредените животни.

Од СВР Гостивар велат станува збор за несекојдневна сообраќајна несреќа, и додаваат дека по овластување на Јавен обвинител тие веднаш излегле на местото на несреќата да извршат увид, но засегаа не се знае точната причина поради која дошло до превртување на возилото.

Сообраќајот како што инфрмираа од полицијата во овој момент е нормализиран.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево