Се преврте автобус во Битолско

Од:

Дваесетина лица се повредени во судар на два автобуса на патот Битола – Демир Хисар што се случи попладнево околу 15 часот, кај месноста Бели Мост.

Повредените се пренесени во битолската болница каде им била укажана лекарска помош.

Како што изјави портпаролот на Битолската болница Јагода Стојановска, една пациентка со тешки повреди е на интензивна нега, но е надвор од животна опаснот. Осум лица се примени на одделението за ортопедија, шестмина на хирургија, пет на неврохирургија, еден пациент е примен на очното одделение, а еден на максилофацијална хирургија. По извршените преврски тие се испратени на домашно лекување.

Како што информираат од СВР Битола, сообраќајната несреќа ја пријавил граѓанин во 15:35 часот. Двата автобуса биле со битолски регистарски таблички. По судирот едниот автобус паднал во коритото на реката Шемница, а другиот излетал во нива.

Во едниот од автобусите се превезувале текстилни работнички кои се враќале од прва смена, а вториот сообраќал на редовна патничка линија.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Битола и јавен обвинител.

Сообраќајот на овој патен правец, бил во застој неколку часа поради увидот, но веќе е нормализиран.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски