Се прелеа Тиквешкото Езеро

Од:

Се прелеа Тиквешкото Езеро, втората по големина вештачка акумулација во државата. Во моментов преку преливната шахта на езерото се прелеваат девет метри кубни вода во секунда.

– Иако акумулацијата Тиквешко Езеро се празни преку производството на електрична енергија во хидроцентралата „Тиквеш“, големата количина на вода која преку сливот на реката Црна доаѓа во акумулацијата во моментов не може да се преработи и се прелева, информира Илија Темелковски, технички директор во Водостопанство „Тиквеш“-Кавадарци.

Според Темелковски, поради високото ниво на водата во реката Црна можно е да дојде до поплавување на неколку хектари земјоделска површина од двете страни на реката.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски